Стадионот „Петар Милошевски“ повторно домаќин на квалификациски натпревар за Европското првенство

Македонија, Политика

Стадионот „Петар Милошевски“ повторно ќе биде домаќин на голем фудбалски натпревар, овојпат помеѓу македонската фудбалска репрезентација до 21 година и репрезентацијата на Шведска. Натпреварот се игра денес со почеток во 17:00 часот, како дел од квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 година.

Откако стадионот доби лиценца од втора категорија од Европската фудбалска унија (УЕФА), „Петар Милошевски“ има можност да биде домаќин на големи натпревари. Во последните два месеци веќе се одиграа два значајни натпревари на овој стадион, што дополнително ја потврдува неговата важност за македонскиот фудбал.

Билетите за натпреварот се достапни електронски на страницата на Фудбалската федерација на Македонија: https://eticket.ffm.mk/stadion-bitola/

 

Општина Битола ги повикува сите граѓани да дојдат и заедно да го поддржат младинскиот тим, да ја покажат битолската навивачка традиција и да дадат поддршка за македонскиот фудбал.