Газда на познат скопски фаст фуд ланец му подари нов автомобил на својот вработен: Гинеше со мене кога беше најтешко (ФОТО)

Дали Знаете, Македонија, СКОПЈЕ

Мише, газдата на познатиот фаст фуд ланец Baking Bread од Скопје со несекојдневен потег за наши услови. Имено, му подари автомобил на својот вработен Антони кој е дел од неговата сендвичара од почетокот, кога немал ништо, како што вели газдата, па се до денес кога стои позади нешто големо.

„Гинеше со мене кога беше најтешко. За ништо никогаш не ме одби и не кажа не. Никогаш ништо не побара, а даваше сè за фирмата. Ова не е поклон, ова е твоја лична заслуга.Ова е фала од мене за сите години лојалност и труд во Baking Bread“, кажа газдата Мише Цвејевски меѓудругото.