Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивен спомен од него со ќеркичката – тој вели: „Мавни ѝ со рака на мама“
Наталија на Инстаграм Стори прво сподели емотивно видео со инсерти од кобната ноќ во дискотеката Пулс, од кое ќе ве полазат морници и повика поддршка за Маршот на ангелите, а потоа објави видео од архива со сопругот Андреј и ќеркичката, кога двајцата се возат на жичара и ѝ мавтаат со рака на мама.
Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на Андреј од ДНК, ретко споделува на социјалните мрежи откако го загуби сопругот во трагедијата која се случи во Кочани на 16 март, каде прекина животот на 63 невини души.
Сега таа на Инстаграм Стори сподели неколку објави, меѓу кои и едно старо видео од архива, кое истовремено топли душа заради љубовта која зрачи, но и создава уште поголема болка заради тоа што веќе нема да се повтори.
Снимката е направена од Андреј, додека среде зима се вози на жичара со нивната ќеркичка Јана.
Целиот текст со видеото може да ги проследите на следниот линк.
