Излажале 88-годишна битолчанка дека нејзиниот синот прегазил дете, ѝ земале 72.500 денари

Македонија, Хроника

Расчистен е случај со лажна сообраќајка при што се лишени од слобода две лица, а поднесена е кривична и пријава.

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот син и неговата сопруга биле повредени, а доколку сака да го спаси синот од кривичен прогон, требала да им даде 72.500 денари. Откако ги зеле парите, пријавените заминале, а оштетената подоцна сфатила дека е измамена.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и измамниците се пронајдени и лишени од слобода, по што е поднесена кривична пријава.