(Фото) „Бранкојавление” или повторно „случајна” средба
Поранешниот премиер, претседател на државата и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, повторно е фотографиран, овојпат во скопски ресторан во друштво на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.
Минчев, кој сега е висок функционер во владејачката ЗНАМ, беше генерален секретар на СДСМ во времето кога Црвенковски ја предводеше СДСМ, објави Скопје1.мк
Заедно со нив е и Зоран Попов, актуелниот амбасадор во САД.
Црвенковски со години беше надвор од политиката и не се појавуваше ниту во тешки и кризни моменти за државата, иако редовно ја зема високата претседателска пензија и има и кабинет.
далеку од очите на јавноста.
Минатата година неофицијално се говореше дека работи во корист на ЗНАМ, каде се негови поранешни блиски луѓе.
Последниов месец, среде кампања, беше фотографиран во друштво со актуелни функционери и политичари.
Црвенковски прво беше фотографиран во Охрид на маса во ресторан со староновиот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, за што имаше објаснување дека била случајна средба.
Ден по изборите се појави и фотографија од поранешниот лидер на СДСМ со активисти на партијата во Кичево.
Познавачи на политичката клима велат:
,, Ако Бранко не сака, нема да се појави никаква фотографија”.




