Тоневски: Честит и благословен Митровден на сите православни верници

Македонија, Политика

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на одбележувањето на празникот посветен на светиот великомаченик Димитриј Мироточив – Митровден во селото Турско Рудари. Во заедништво со жителите и верниците, беше одбележан празникот кој има длабока духовна и традициска вредност за овој крај.

„Нека свети Димитриј донесе мир, здравје и спокој во секој дом,“ порача Тоневски, упатувајќи честитка до сите православни верници и жители на општината.

 

 

Тој додаде дека ваквите празници се важни за зачувување на заедништвото, духовноста и традицијата, кои се дел од идентитетот на локалната заедница.

„Честит и благословен празник на сите,“ истакна градоначалникот Тоневски.