branko, бранко

По 10 години молк, Бранко Црвенковски повторно „се јави“ – трета појава во јавноста за две недели

Дали Знаете, Македонија, Политика

По повеќе од една деценија откако целосно се повлече од јавноста, поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски во последните две недели повторно го привлекува вниманието на јавноста.

Црвенковски беше фотографиран во скопски ресторан во друштво на министерот за јавна администрација, Горан Минчев. Нивната средба предизвика нови шпекулации во јавноста, дали поранешниот лидер на СДСМ се подготвува за политичко враќање или станува збор за случајни средби.

Ова е трето негово појавување за краток период. Претходно, беше фотографиран во Охрид во ресторан на маса со градоначалникот Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, а само ден по локалните избори се појави нова фотографија од Кичево исто така во ресторан, каде што Црвенковски беше во друштво со активисти на СДСМ.

Секој од овие моменти предизвика бројни коментари и толкувања дека Црвенковски, кој со години беше надвор од политиката, можеби повторно се активира.

Името на поранешниот претседател и натаму се поврзува со владејачката партија ЗНАМ, чие формирање во јавноста често се споменува дека имало негова поддршка.

Со три јавни појави за само две недели, останува отворено прашањето дали Бранко Црвенковски само случајно се врати во фокусот или зад овие средби стои нешто повеќе?