Омерагиќ: ФФМ дава поттик за развој на женскиот фудбал
Фудбалската федерација на Македонија обезбеди нова спортска опрема и вкупно 230 фудбалски топки за 23 клуба кои се натпреваруваат во сите возрасни категории во женска конкуренција, информира претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
– На секој клуб му доделивме комплети за тренинг со цел да создадеме уште подобри услови за работа и напредок на младите фудбалерки низ целата држава – рече Омерагиќ.
Тој додаде дека со оваа поддршка ФФМ дава поттик за развојот на женскиот фудбал и ја потврдува својата заложба за унапредување на спортската инфраструктура и условите за тренинг на сите клубови.




