На 5-ти кат сме, се тресевме околу 10 секунди: Утрово силен земјотрес го стресе регионот – еве каде е епицентарот
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди северниот дел на Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Потресот бил регистриран во 07:16 часот по универзално време, на длабочина од 7 километри.
Епицентарот се наоѓа на околу 12 километри западно од градот Ксанти, и на околу 110 километри јужно од бугарскиот град Пловдив. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
„На 5-ти кат сме, добро се тресевме околу 10 секунди“, „Навистина се почувствува кај нас“, „Во Софија сме, почувствувавме мало тресење на земјата“, сведочеа жителите на бројни градови во Бугарија.




