Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај на средбата со Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со Јовица Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје, Македонија разговарале околу поддршката што Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје може да ја даде за друштвото и унапредувањето на соработката во областа на културата.
Чест и задоволство ми беше што имав срдечна средба со Јовица Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје. На работната средба беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на Mакедонското национално малцинство во Република Албанија, рече Ѓурѓај.
На Никчевски во името на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана му подарив копи од Македонски весник “Илинден“, и брошура на македонски јазик кој беше за првпат објавено од Федералната унија на европските националности, на македонски јазик и разгледницата „Народни носии на Македонците во Албанија“




