Пешак загина на булевар во центарот на Скопје

СКОПЈЕ, Хроника

Пешак кој преминувал булевар со велосипед пред малку бил прегазен на булеварот Гоце Делечв во центарот на Скопје.

Според информациите, од силината на ударот починал на лице место. На местото на несреќата се екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а сообраќајот на оваа сообраќајница се одвива забавено и отежнато.

За само едно деноноќие ова е втор пешак прегазен на фреквентна сообраќајница во центарот на Скопје.