Славчо Попоски најавува снег во Македонија – ЕВЕ КОГА
Од северозапад преку Алпскиот регион кон територијата на нашата Република Македонија ни доаѓа влажен и поладен воздушен бран кој во понеделник попладне и навечер како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник (4 ноември) ќе услови да имаме повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и ќе наврнат околу 15 литри на метар квадратен дожд.
Особено во вторник (4 ноември) ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Со овој бран на врнежи, повремени локални врнежи од дожд ќе има и во Скопје и околината и истите во вторник (4 ноември) ќе бидат проследени со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Исто така ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
Поради падот на температурите во вторник (4 ноември) на највисоките места на планините Пелистер, Шар Планина, Кораб и Солунска глава ќе има услови за провејување на снег.
Во вторник (4 ноември) температурите ќе бидат пониски поради продорот на поладниот воздух од северозапад и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.




