(ФОТО) „Мекиците не се во тренд, време е за кекс“ – Пешевска не му ги заборава на Ахмети ланските гурабии
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, на социјалните мрежи објави фотографија со колеги и поддржувачи од партијата, придружена со порака упатена кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
На фотографијата, меѓу колачи и насмевки, Пешевска напиша: „На пат за Кичево мекици не се во тренд, сега е време за кекс, послатко оди тоа. Кичево е Македонија!“, алудирајќи на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина.
Пораката на Пешевска претставува јасна политичка реакција на изјавата на Ахмети од минатата година, кога тој од митингот на плоштадот „Македонија“ му порача на Христијан Мицкоски: „Растен си со гурабии и кекси, не барај си ја белјата, бирај ги зборовите“.




