Орце Ѓорѓиевски најави катни и монтажни гаражи низ цело Скопје

Македонија, Политика

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави конкретни решенија за еден од најгорливите проблеми во главниот град – недостигот од паркинг-места.

„Проблемот со паркирањето ќе го решаваме со изградба на катни и повеќе монтажни гаражи“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека првите локации за реализација се предвидени во Кисела Вода, на улицата „Есенинова“, и во Центар, во населбата Буњаковец.

Тој истакна дека вакви монтажни гаражи ќе се градат „секаде каде што е потребно, во сите делови на Скопје“, со цел да се олесни секојдневното функционирање на граѓаните и да се подобри сообраќајниот ред во градот.

 

„Го имате мојот збор! Доаѓа време кога сите ќе живееме подобро. Скопје го правиме заедно!“, порача Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека решавањето на урбанистичките предизвици е еден од неговите приоритети во програмата.

Видеото може да го погледнете тука