Божиновска: Македонија е активен партнер во европската енергетска интеграција

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14) во Скопје, оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски.

На средбата се разговараше за напредокот на Македонија во исполнувањето на обврските од Договорот за Енергетската заедница, со посебен акцент на декарбонизацијата, либерализацијата на енергетскиот пазар и интеграцијата во европските енергетски текови.

Божиновска истакна дека Владата силно се посветува на европските цели за климатска неутралност и континуирано спроведува политики кои создаваат модерен, конкурентен и одржлив енергетски систем.

 

 

Секретаријатот на Енергетската заедница ја оцени Македонија како една од најактивните членки во регионот во спроведувањето на реформите во енергетскиот сектор, нагласувајќи ја улогата на државата како доверлив партнер во регионот.