 
		Прилеп слави 81 година од ослободувањето со пригодни настани
Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп ги покануваат граѓаните да се приклучат на одбележувањето на 3 ноември, денот кога Прилеп ја прославува својата слобода.

Оваа година се одбележуваат 81 година од ослободувањето на градот (1944–2025), симбол на достоинство, храброст и единство. Во чест на овој значаен датум, подготвена е пригодна програма исполнета со свечени настани кои го одбележуваат придонесот на сите што оставиле траен белег во историјата на Прилеп.
Одбележувањето на Денот на ослободувањето традиционално претставува момент за почит кон историјата и инспирација за идните генерации.




