 
		Проданоски: Екипите на МЕПСО работат непрекинато за нормализирање на електроснабдувањето во Прилеп
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека во овие моменти е на терен заедно со екипите на МЕПСО, кои работат на отстранување на дефектот на далноводот Прилеп – Кавадарци. Целта е што побрзо да се воспостави нормално снабдување со електрична енергија во општината.
„Во постојан контакт сум со надлежните служби и ги следиме сите активности од лице место. Ве уверувам дека се прави сѐ што е потребно за проблемот да се реши во најкраток можен рок. Им благодарам на граѓаните за трпението и ги повикувам да останат смирени“, истакна Проданоски.



