ЛИНДИТА ЈОВАНОВСКИ СО ЕМОТИВЕН АПЕЛ Албанка ги повика кичевчани да го поддржат нејзиниот сопруг Македонец за градоначалник на Кичево

Македонија, Политика

Професорката Линдита ги повика Кичевчани да гласаат за нејзиниот Александар.

Линдита е сопруга на кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски кој води по првиот круг на локалните избори.

Таа во видео обраќање на албански јазик до своите сограѓани бара Кичево да ги надмине етничките бариери и да избере човек кој ќе биде градски татко на сите без разлика на нација, вера или пол.

 

Линдита и Александар никогаш немале проблем затоа што таа е Албанка а сопругот е Македонец. Тие се во брак повеќе од една деценија и имаат три дечиња.

За Кичево какво што сакаме за подобра иднина, гласајте за број 9, порачува Линдита во видеото кое може да го видите на овој ЛИНК

https://www.facebook.com/share/r/17DbPMPy61/