„Не лути се човече, ама јок“: Советниците на ДУИ одбија да ги примаат уверенијата

Македонија, Политика

Шесте новоизбрани советници во Град Скопје од ДУИ одбија да ги примаат уверенијата за новиот состав . Не биле дојазнични. Носителот на советничката листа Авдуљ-Селам Селами за Телевизија 24 вели дека прекршен е Законот за употреба на јазиците.

Авдуљ-Селам Селами, советник во Град Скопје од ДУИ: Ние не бараме ништо друго, бараме само да се почитува законот. Уверенијата беа еднојазични значи не е почитуван законот и бараме од ДИК да ги смените уверенијата и да даде двојазични уверенија

За разлика од ДУИ, советниците од коалицијата ВРЕДИ и официјално ја преземаа функцијата во новиот совет на градот. На првата конститутивна седница опозицискиот фронт најавува дека ќе и диште во врат на власта а владеачкото мнизиство пак уверува дека нема да има блокади .. ТВ 24 праша дел од новоизбраните советници како планирата да работат и да делуваат ..

Катерина Цаневска – Арсовска, советничка во Град Скопје од СДСМ: Тоа ќе зависи од оние што имаат најмногу гласови во советот. Ние ќе го дадеме нашиот максимум за да може советот да работи нормално и сакам да кажам дека на мнозинството во советот што е формиран што е евидентно ќе им дишеме во врат и ќе реагираме и нема да ги оставиме да работат нешто што не е во инетерес на градот Скопје.

Катерина Јовановска, советничка во Град Скопје од Левица: Се надевам дека конечно ќе се деблокира работата на собранието, дека мнозинството наместо деструктивните политики ќе почне да размислува во полза на народот и ќе ги напушти делувањето на ситни партиски интереси и ќе почне да делува во интерес на народот. Иако се надевам со оглед на тоа дека повеќето советници од владејачкото мнозинство се од претходниот мандат не сум голем оптимист меѓутоа се надевам дека ќе се смени тоа.

Носителот на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ Даме Димитровски рече дека неговите очекувања се советот да функционира без блокади и да работи само за интересите на граѓаните.

Даме Димитровски, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ: Очекувам дека овој совет ќе работи единствено и ќе работи за подобрување на состојбите во градот Скопје, дефинирани се политики кои советот треба да ги постави за да може службите во градот и градоначалникот да работат во ионтерес на граѓаните. Јас се надевам дека во овој совет советниците сите заедно ќе работат за интересот на граѓаните очекувам да има дебата, да има зборување затоа што различни групи на граѓани бараат различни работи.

Новиот совет на Град Скопје брои 45 советници. ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери од Владата „Вреди“ и ЗНАМ имаат мнозинство во Советот на Град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, по 6 советници имаат Левица, „Вреди“ и ДУИ, а СДСМ има пет советници. По еден советник имаат Коалицијата „Искуство за успех“, партијата ЗНАМ и граѓанските листи на „Независни заедно“ и „Зелен хуман град“. Досегшната пракса покажа дека без кохабитација меѓу градската и централната власт фуанкционалноста на градот може да биде целосно блокирана а последиците од тоа единствено се на грбот на граѓаните .