Четири начини да ја заштитите сметката на Binance

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Од фишинг измами до малициозен софтвер, сајбер-измамниците секогаш наоѓаат нови начини да ги искористат празнините во крипто-безбедноста. Затоа, од исклучително значење да се преземе проактивен пристап за заштита на сметките на Binance и средствата на корисниците.

Иако Binance постојано ги надградува своите безбедносни системи за да биде чекор понапред пред новите закани, заштитата на сметката е заедничка одговорност. Со комбинирање на вградените заштити SAFU на Binance со вистинските алатки за крипто-безбедност може значително да се намали ризикот од сајбер напад.

Ова се четирите основни алатки за да се заштити сметката на Binance и  дигиталните средства на корисниците:

  1. Authenticator апликации – едноставна но ефикасна двофакторска заштита

Апликациите како Google Authenticator и Binance Authenticator овозможуваат двофакторска автентикација (2FA), што претставува дополнителен слој на заштита кој генерира еднократен безбедносен код што се менува на секои 30 секунди.

Дури и доколку некој ја добие лозинката на корисникот, без овој временски код не може да пристапи до сметката. Binance препорачува корисниците да ја инсталираат апликацијата на мобилен телефон, да го скенираат QR-кодот во делот Account → Security → Two-Factor Authentication и да го внесат генерираниот код за потврда.

Binance Authenticator, пак, е интегриран во екосистемот на самата платформа, што овозможува побрзо и полесно користење, особено за активни корисници.

  1. Passkeys – најавување без лозинка

Passkeys претставуваат најнова технологија за безбедност базирана на јавен и приватен клуч. Со нив, корисниците се најавуваат без потреба од традиционална лозинка, користејќи доверен уред (телефон, лаптоп, USB-клуч или биометриска идентификација).

Овој метод речиси целосно ја елиминира можноста за фишинг напади, бидејќи не постои лозинка што може да се украде или пресретне. Binance ја препорачува оваа опција за корисниците кои често пристапуваат од повеќе уреди.

  1. Security keys – физички клуч за највисоко ниво на заштита

Security key е физички уред (обично USB или NFC клуч) кој мора да биде присутен при најавување на сметката. Тој функционира како вистински „клуч“, односно дури и доколку некој ги има вашите податоци за најавување, без физичкиот клуч нема да има пристап.

Binance објаснува дека ова е најсигурниот метод за корисници кои сакаат максимална заштита, особено кога се најавуваат од јавни или деловни мрежи. Активирањето се врши во делот Account → Security → Passkeys → Other Sign-In Options → Security key.

  1. Multi-validator потврда – повеќеслојна безбедност за големи трансакции

Функцијата Multi-validator verification е дизајнирана за институционални и VIP корисници. Таа бара повеќе од една потврда пред извршување на големи трансакции.

Со ова се минимизира ризикот од злоупотреби и неовластени активности дури и во случај на компромитиран пристап. За активирање, корисниците треба да се обратат до својот Binance VIP Account Manager.

Binance потсетува дека безбедноста е споделена одговорност: додека платформата применува највисоки стандарди на шифрирање и контроли, од корисниците се очекува редовно да ги ажурираат безбедносните поставки, да ја проверуваат историјата на најави и да не споделуваат чувствителни информации.

„Додека технологијата напредува, важно е и корисниците да останат чекор пред потенцијалните измами“, порачуваат од Binance.