Проданоски: Чест и одговорност е да се води Прилеп – следува посветена работа за сите граѓани

Македонија, Политика

Новиот градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денес официјално го доби уверението за избран градоначалник од Општинската изборна комисија.

„Ова е голема чест, но и уште поголема одговорност која со гордост и посветеност ја прифаќам,“ изјави Проданоски, кој им се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба и поддршка во визијата за подобар и помодерен Прилеп.

Тој најави дека ќе работи чесно, одговорно и посветено, во соработка со новиот Совет на Општина Прилеп, во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната политичка или етничка припадност.

Во своето обраќање Проданоски упати благодарност и до досегашниот градоначалник Борче Јовчески за неговиот ангажман и придонес во развојот на општината.

„Верувам дека со почит, континуитет и нова енергија ќе продолжиме да градиме уште поуспешен и поубав Прилеп. Нè очекува многу работа, но со заедничка сила, идеи и соработка, сигурен сум дека ќе успееме,“ порача Проданоски.