Финн, Германец што живее во Македонија: „Треба да научам македонски јазик само од почит што живеам тука (и научив)“

Дали Знаете, Живот, Забава

„Бев во МВР во Македонија и од таму ми кажаа дека треба да одам во македонска амбасада во Германија. Летав назад до дома до Германија… Тогаш не знаев многу македонски, бев таму, а таму никој не знае англиски, никој не знае германски… Нема гајле, зборувавме со раце“, вели Финн Ваттчов (24) на кој мака измачил додека да извади документи за постојан престој во Македонија.

Финн Ваттчов (24) е менаџер за маркетинг на социјалните медиуми, роден во Фрајбург на Брајсгау (Freiburg im Breisgau) во Германија, на кој Македонија му е дом веќе 3 години.

Во интервју за CRNOBELO.com тој откри дека тука дошол сосема случајно откако нашол евтин авионски билет, но дека веднаш се вљубил во земјата.

Сега веќе има документи за постојан престој, но во гостувањето во подкастот на Лазаров откри дека овој процес воопшто не бил лесен.

Неговата исповед кај Стефан Лазаров:
„Имав регулирано престој до јуни. Многу беше смешно, секогаш одев во МВР.

Знаеш тука сите ќе ти кажат нешто друго, еден ќе ти каже вака, друг така и ти кажуваат различни работи во институциите.

Во Германија сè е онлајн или ако отидеш – имаш решение.

Бев во МВР во Македонија и од таму ми кажаа дека треба да одам во македонска амбасада во Германија. Летав назад до дома до Германија, до Фрајбург, амбасадата е во Бон. Тогаш не знаев многу македонски, бев таму, а таму никој не знае англиски, никој не знае германски… Нема гајле, зборувавме со раце“.