Повторно хаос во 47 училишта, сите дојави за бомби се покажаа лажни

Дали Знаете, Македонија, Хроника

Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во учичишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки.

– Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, се наведува во соопштението од МВР.

По дојавите за бомби исптатени на е-маил, вчера сите попладневни активности во тие училишта беа прекинати, а децата испратени дома.