Цивил: Злоупотреба на училишен простор и деца во кампањата во Пробиштип

Македонија, Политика

И во вториот круг од кампањата за локалните избори во Северна Македонија продолжува загрижувачкиот тренд на злоупотреба на деца за политички цели. Но, во овој случај се работи не само за деца, туку и за злоупотреба на училишен простор.

Драган Анастасов – Ладич, кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на СДСМ, објави промотивно видео за изборната кампања во кое се користат малолетници, како и државни институции и затворениот базен во основното училиште „Никола Карев“.

Детската заштита, образованието, спортот и рекреацијата за децата и младите остануваат наш прв приоритет. Еднакви можности за сите деца во општината, бидејќи ПРОБИШТИП Е ЗА СИТЕ! Децата од подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Злетово веќе ги користат услугите на затворениот базен во ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип. Со организиран, бесплатен превоз, сите деца од Злетово, на часови по пливање во Пробиштип ПРОБИШТИП ЗА СИТЕ – 5, објави Ладич.

ЦИВИЛ повторно апелира: Политиката не е игра за деца, а децата не се за кампања – тие се нашата иднина и заслужуваат поддршка, безбедност и еднакви шанси, а не пропаганда за гласови!

 

Извор: civilmedia.mk