Азем Садику: Благодарен сум за поддршката од ВЛЕН, ќе продолжам да работам за граѓаните

Македонија, Политика

Претставниците на коалицијата ВЛЕН – Изет Меџити, Зеќирија Ибрахими и Арбен Фетаи – денес остварија пријателска и конструктивна средба со независниот кандидат за градоначалник на Општина Студеничан, Азем Садику.

На средбата се разговараше за соработката и поддршката од ВЛЕН во вториот изборен круг, како и за развојните планови на општината и можностите што се отвораат преку заедничка работа со централната власт.

ВЛЕН и кандидатот Садику споделуваат заедничка визија за развој на Карашака, за нови инвестиции, подобра инфраструктура и создавање современа и одржлива општина.

Азем Садику изрази благодарност за поддршката од коалицијата ВЛЕН, истакнувајќи дека ќе продолжи со посветена работа на започнатите проекти и дека интересот на граѓаните на Студеничан ќе остане негов приоритет.

Од ВЛЕН порачаа дека остануваат посветени на транспарентно и фер управување, преку широка соработка со сите што ги делат истите вредности – со цел секоја албанска општина да стане пример за успех и одржлив развој.