ЗЕЛЕНСКИ САКА МИР, ТЕРИТОРИЈА НЕ ДАВА: Подготвени сме за договор, но не се повлекуваммире од бојното поле и не отстапуваме територија

Политика, Свет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен за мировни преговори каде и да било освен во Русија и Белорусија, доколку тие разговори би можеле да ја завршат војната, но дека украинските сили „нема да се повлечат“ на бојното поле за да отстапат територија.

Тој, исто така, изјави „дека Европејците се блиску до одлука за префрлање на замрзнатиот руски имот во Украина“, пренесува Укринформ.

Зеленски, исто така, ги повика американските конгресмени да донесат построги санкции кон Русија и рече дека на Украина ќе ѝ треба стабилно финансирање од своите европски сојузници уште две или три години.

Зеленски: Главната цел на Русите е да го освојат Покровск, борбите се водат и во самиот град

Руските трупи ги концентрираа своите главни ударни сили во правец на градот Покровск во Доњецкиот регион на Украина, каде што продолжуваат жестоките борби на територијата на градот, објави украинскиот претседател на Украина, Володимир Зеленски.

-Разговарав со војската – посебно внимание беше посветено на Покровск, како и на соседните области, рече Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање, пренесено од Укринформ.

Тој истакна дека во овој град во моментов се наоѓаат најголем број руски ударни сили и значајна офанзивна активност.

-Борбите продолжуваат во градот: тоа е нивната главна цел – самиот Покровск. И секој резултат на нашите сили во оваа насока е резултат за цела Украина, за целата одбрана на нашата земја, нагласи Зеленски.

Во текот на вчерашниот ден се случија 101 борбени судири меѓу украинските одбранбени сили и руските трупи, борбите сè уште се водат на шест правци на фронтот, при што руските сили најактивно напаѓаат во Костјантиновска и Покровск, а исто така покажуваат зголемена активност во Александровск, наведува Укринформ.