Нови училници и опрема во „Јане Сандански“ – Општина Битола со повеќе од 3 милиони денари инвестиции

Македонија, Политика

Општина Битола континуирано вложува во подобрување на образовната инфраструктура, а во Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ реализирани се повеќе активности со цел создавање подобри услови за учениците и наставниците.

Во рамки на проектот е извршена санација на училници и ходници, набавен е нов училиштен мебел – клупи, столчиња и фотелји, поставени се нови зелени табли и венецијански ролетни. Монтиран е ламинат и подиуми во училниците, а целото училиште е комплетно бојадисано.

Дополнително, административните канцеларии и училниците се опремени со нов мебел, клима-уреди и огласни табли, а реконструирани се и училница и Центарот за професионален развој.

 

Вкупната вредност на реализираните активности изнесува повеќе од 3 милиони денари.

Со овие вложувања, Општина Битола продолжува да создава современи и функционални услови за образование, нагласувајќи дека секоја инвестиција во училиштата е инвестиција во иднината на децата.

Видеото може да го погледнете тука