СКАНДАЛОЗНО ФОТО објави Богојески, Апасиев бил активист на ВМРО
Претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески, преку објава на социјалните мрежи го разоткри лидерот на Левица, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за политичка недоследност и опортунизам.
Во објавата, Богојески потсетува на, како што наведува, „периодот кога Апасиев бил активен во младинските структури на ВМРО-ДПМНЕ“, а потоа, според него, „повторно ја менувал својата идеолошка припадност во зависност од личниот интерес“.
Тој дополнително обвинува дека Апасиев, по продажбата на куќата, „станал левичар – комуњар“, а потоа повторно се приближил до ВМРО-ДПМНЕ „за да фати работа“.
Богојески додава дека Апасиев „никогаш немал став ниту кичма – само интерес“, завршувајќи со зборовите:
„За кеш, за функција, за едно кафе – мајка продава! Димче, ти си дефиниција за политички шлајм, без идеологија, без чест, без рбет!“


Целиот тејст на Петар Богојески може да го проследите подолу:




