Мицкоски повика на масовна излезеност во вториот круг: Седењето дома е најлоша опција
Со седењето дома, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, никој не бива казнет, освен самите граѓани кои не излегле на гласање. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на масовна излезеност во вториот круг од локалните избори во општините во кои ќе се гласа на 2 ноември.
Обраќајќи се на вечерашниот митинг во Пробиштип, Мицкоски изјави дека во вториот круг на локалните избори граѓаните имаат три опции:
„Првата е да се гласа за коалицијата која ја претставува ВМРО-ДПМНЕ, која е победничката коалиција, а втората опција е поранешната владина коалиција предводена од СДСМ, која нè враќа назад во времето и која ја ограбуваше, понижуваше и распродаваше Македонија. И третата опција, по мене, најкатастрофална, е да останеме дома и да не излеземе на изборите и да дозволиме некој друг да одлучува во наше име.“
Со седењето дома, додаде тој, никој не бива казнет, освен самите граѓани кои не излегле на гласање.
Мицкоски изрази уверување дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ по локалните избори ќе има 59 градоначалници, меѓу кои и градоначалничкото место во Град Скопје.




