(Видео) Веќе нема мана исто како да сме во Индија: Милиони пластични шишиња пловат по Вардар во Тетовско

Живот, Македонија

Неверојатна снимка од енормно загадување на реката Вардар објави тетовскиот портал Тетово инфо. Буквално милиони пластични шишиња се во реката кај тетовското село Копанце.

Силниот дожд кој паѓаше изминативе денови го подигна нивото на Вардар, а надојдената вода го повлекува ѓубрето од десетиците диви депонии покрај брегот на реката од нејзиниот извор во Гостиварско до местото на кое е направена снимката.