Општина Битола инвестира во локалната инфраструктура – асфалтирана улицата „16-та“
Во текот на денешниот ден се изведува асфалтирањето на улицата „16-та“ во Битола, со што завршуваат градежните активности на овој инфраструктурен проект.
Работите се изведуваат во должина од околу 100 метри, а општина Битола за реализација на проектот издвои 1.400.000 денари од општинскиот буџет.
Покрај реконструкцијата на коловозот, претходно беше поставена нова водоводна мрежа со цел подобро водоснабдување на домаќинствата, како и санација на постојната мешовита канализација.
Со завршувањето на овие активности, жителите на овој дел од градот добиваат модерна, безбедна и функционална улица.
