Ѓорѓиевски: Улицата „Жил Верн“ добива целосно нов изглед
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во градежните активности на улицата „Жил Верн“ во Кисела Вода, каде што се реализира проект за целосна реконструкција на коловозот и тротоарите на површина од околу 1.300 квадратни метри.

„Оваа улица добива сосема нов лик. По поставувањето на новата атмосферска канализација, со новиот асфалт и уредени тротоари ја заокружуваме инфраструктурната санација во целост“, изјави Ѓорѓиевски.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку капиталните инвестиции за кои Општина Кисела Вода аплицирала до Владата на Република Македонија.
Ѓорѓиевски порача дека ќе продолжи посветено да работи на уредување на секој дел од Кисела Вода и Скопје, со цел да се создаде подобра, побезбедна и поубава урбана средина.
