ВЛЕН: Скандалите и лагите на ДУИ повеќе не можат да ја скријат вистината од јавноста
По речиси две децении политика изградена врз самозадоволство, лаги и ароганција, на 19 октомври „кулата на лагите“ се урна како кула од карти, соопшти коалицијата ВЛЕН. Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце, како и убедливата предност во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, според коалицијата, се јасен одговор на албанската јавност против пропагандата за „референдумот“ што со месеци ја промовираше тројката Ахмети–Таравари–Села.
Во Кичево, велат од ВЛЕН, се покажа вистинското лице на старата политичка каста. Кога избувна скандалот, реакцијата беше иста како и во изминатите 20 години – „да се преброди и ова, како секогаш“. Според нив, токму оваа филозофија го држела албанското население во заложништво: да ги затвори очите, да прави дека не слуша и да продолжи понатаму како ништо да не се случило.
По објавувањето на компромитирачките материјали, ВЛЕН побара повлекување на кандидатот на ДУИ од трката за да се заштити достоинството на процесот. Кандидатот, сепак, одлучил да продолжи, ставајќи го Кичево во неправедна позиција и покажувајќи дека за оваа политичка каста, власта е последниот политички „животен здив“.
„Ова е последица од политика изградена врз ароганција, лаги и лични договори, верувајќи дека секој скандал „ќе помине за три дена“. За коалицијата ВЛЕН, јавната моралност не се преговара. Сега судот треба да го донесат самите кичевчани“, се вели во соопштението.
