Страотна сообраќајка: Возач прегази цело семејство на тротоар во Ново Лисиче
Вчера околу пладне, возач со автомобил излетал од булевар во скопската населба Ново Лисиче и покосил четворица пешаци, членови на семејство, пред да се забие во семафор, соопшти полицијата.
Во ударот од автомобилот „опел астра“, возен од Т.Н. од Скопје, повредени се двајца возрасни, Г.К. (40) и М.К. (39), како и две девојчиња. Повредените пешаци се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им се констатирани повреди.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, додаваат од МВР.
