
Арсовски од ЗНАМ го потврдува партнерството со Тоневски
Кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски, денес ја потврди растечката поддршка за неговата кампања, со нагласок на заедничките проекти и насоки за развој на општината.
На средбата со пратеникот од Движењето ЗНАМ, Павле Арсовски, Тоневски истакна дека мнозинството во Советот е стабилно, плановите се јасни, а иднината за Пробиштип е сигурна.
„Поддршката расте од ден на ден и доаѓа од сите страни. На 2 ноември ќе славиме голема победа“, изјави Тоневски.
Тоневски ја промовира својата кампања со пораката: „Заокружи 9 – за силен и успешен Пробиштип!“