
Орце Ѓорѓиевски: Ќе ставиме крај на нефункционалноста на „Комунална хигиена“
„Добро утро Скопје, честит празник Македонијо!“ – со овие зборови кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, им се обрати на граѓаните во раните утрински часови, истакнувајќи дека тој и неговиот тим работат на терен за да го исчистат главниот град.
„Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот. Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП ‘Комунална хигиена’ да се загрози здравјето на нашиот народ“, порача Ѓорѓиевски.
Тој најави дека за неколку дена, по преземањето на функцијата градоначалник, проблемите со хигиената и отпадот во Скопје ќе станат минато.
„Го имате мојот збор“, напиша Ѓорѓиевски, притоа изразувајќи голема благодарност до општините Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково и Сопиште, како и до општествено одговорните компании кои помогнале во акцијата за чистење.