Меџити: Благодарност до жителите на Топана за соработката и трпението

Македонија, Политика

Избраниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е успешно завршена реконструкцијата на улицата „Банатска“ во населбата Топана – проект што значително ќе го подобри квалитетот на живот на жителите од овој дел на општината.

„Со успех ја заокруживме реконструкцијата на улицата ‘Банатска’ во Топана, инвестиција што носи видлива промена за граѓаните. Во краток рок изградивме нова улица со современ асфалт, зајакната подлога и напреден систем за одводнување, што гарантира долготрајност, безбедност и поголема удобност за сите,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека ова е уште еден доказ дека Чаир се движи напред со конкретни проекти што го унапредуваат секое маало и секоја улица.

„Им благодарам на екипите за професионалноста и на жителите за соработката. Честитки за новата улица и за Топаната што добива нов, модерен изглед,“ порача Меџити.