
Скандал во Лозово: Кандидат за градоначалник на СДСМ со затворска пресуда бара нов мандат!
Локалната јавност во Лозово повторно е вознемирена по објавата дека поранешниот градоначалник Ацо Велковски, кој има правосилна судска пресуда за злоупотреба на службена должност, повторно е кандидат за прв човек на општината. Дел од граѓаните и политички субјекти реагираат остро на оваа одлука, обвинувајќи ја владејачката партија за враќање на, како што велат, “старите и штетни навики”.
СДСМ, партијата што стои зад кандидатурата на Велковски, сè уште не излезе со официјален коментар, но критиките не стивнуваат. Според опозициски извори, одлуката да се рециклира „стар кадар“, кој веќе еднаш ја загубил довербата на граѓаните, покажува недостиг на визија и нови решенија за Лозово.
Информации до нашата редакција велат дека Велковски веќе започнал со притисоци врз општинската администрација, користејќи ја кампањата како параван за закани и политички реваншизам. Се алармира и на неговата неодамнешна комуникација на социјалните мрежи, која, според реакциите, е исполнета со омраза и навреди.
Според достапните информации, Велковски е правосилно осуден на една година и шест месеци затвор и има обврска да надомести финансиска штета на општината во висина од над 2.2 милиони денари.
Граѓаните на Лозово, заслужуваат нови луѓе со чиста биографија и силна мотивација за развој, а не, како што велат, компромитирани личности со темно политичко минато.