
Синот на Венко Филипче „заплива“ во бизнис водите – станува трговец на облека на мало
Од пред еден месес основач на фирмата „Демигод“ е синот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Оваа фирма на тинејџерот Иво Филипче се занимава со продажба на облека на мало, објави Фактор.мк.
Продавницата на 18-годишникот, според адресата, треба да се наоѓа на улица „Њуделхиска“, кај Млечен ресторан. Синот на Венко Филипче во јуни прослави матура.
„Останува да се види дали Иво Филипче ќе го достигне почетниот успех во светот на бизнисот на синот на претходниот претседател на СДСМ, Зоран Заев. Фирмата „Тотал енерџи“ за производство на електрична енергија на Душко Заев лани имала добивка од 58 милиони денари, или околу 954 илјади евра. Младиот Заев фирмата ја отвори во 2022 година како 18-годишник. Во 2023 година, тој имал добивка од 39 милиони денари, односно 636 илјади евра. Дваесет и едногодишникот стана првиот од семејството Заеви кој почна бизнис со производство на електрична енергија, а по него тоа го сторија неговиот чичко Вице и неговиот дедо Панче Заев“, пишува Фактор.