Општина Лозово пишува историја – „Македонија“ станува најголемиот парк во државата (ФОТО+ВИДЕО)
Општина Лозово започна со реализација на проектот кој ќе го одбележи не само локалниот развој, туку и целиот регион – изградбата на најголемиот еколошки парк во државата, „Парк Македонија“. Овој амбициозен проект, во форма на македонското знаме, ќе биде уникатен симбол на националната гордост и зелениот развој.
Под водство на актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Бошко Цветковски, Општина Лозово ја покажува својата посветеност кон реализацијата на проекти кои ги подобруваат условите за живот и го унапредуваат квалитетот на живот на сите жители. Цветковски, кој во претстојните избори ќе го брани својот мандат во вториот круг, со својата енергична и одговорна политика успеа да обезбеди услови за овој уникатен проект, кој е доказ дека ветувањата се исполнуваат.
Во првата фаза на изградба веќе започнаа подготвителните работи и поставувањето на подземните инсталации. Следува обемно хортикултурно уредување, создавање зелени површини, поставување систем за наводнување и садење цветни насади. Во завршната фаза на проектот ќе бидат поставени урбана опрема, клупи, осветлување, детско игралиште и фитнес зона, со што паркот ќе биде простор достапен и пријатен за сите генерации.
Овој парк ќе претставува не само место за рекреација и одмор, туку и симбол на модерна, чиста и зелена општина. Под водство на Бошко Цветковски, Општина Лозово се позиционира како пример за рамномерен развој и грижа за секое населено место.
Градоначалникот Цветковски јасно порача дека работата е негов приоритет, дека не се ветуваат нереални проекти, туку дека се исполнуваат конкретни обврски кон граѓаните. „ИМА РАЗЛИКА!“, е неговото мотото кое го потврдува посветениот пристап кон развојот на општината.
