Јелена Карлеуша со искрено признание: „Ги имам изневерено сите свои партнери, иако ги сакав“

Дали Знаете, Забава, Сцена

„Тие со кои ги изневерував тековните партнери стануваа мои нови партнери. Моето срце е како автобус – има место за секој што ќе влезе“, рекла Јелена Карлеуша во подкастот на Луна Џогани.

Љубовниот живот на Јелена Карлеуша е тема за која често се пишува во медиумите. А и таа не крие скоро ништо и отворено зборува за своето минато и мажите со кои била во љубов, колку и да се непријатни прашањата поврзани со нив.

Па така, при неодамнешното гостување во подкастот на Луна Џогани, „Бункер“, Карлеуша зборуваше за врските, бившите сопрузи, неуспешните љубови и сподели детали од приватниот живот.

Луна, во интервјуто ја праша Јелена дали некогаш изневерила некој партнер, а одговорот изненади многумина.

„Го изневерив секој партнер. Секој. Го сакав секој од нив, ама ги сакав и оние со кои ги изневерував.

Тие со кои ги изневерував тековните партнери стануваа мои нови партнери. Моето срце е како автобус – има место за секој што ќе влезе“, рекла Јелена.

Пејачката вели дека најчесто причината за неверството биле љубовните разочарувања.

„Доживеав многу разочарувања од мажите и најбрутално убивање на моите емоции, до таа мерка што сакав да ги изневерам, оставам, да бидам со некој друг.

Никогаш не сум изневерила некого додека работите беа супер, но мажот морал да ми направи многу лоши работи и да ме повреди многу за да изневерам.

Јас своите партнери ги изневерував зашто бев повредена, да им покажам дека на некој начин можам да ги казнам“, додала Карлеуша.

Една од темите кои се незаобиколни е и нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ.

Запрашана за тоа во каков однос се, таа вели:
„Во многу лош. Тој е некој со кого нема нормална комуникација, тој е еден од оние бивши кои стануваат многу агресивни кога ќе изгубат.

Имаме две прекрасни ќерки, кои ги воспитував јас. Се гордеам со тоа, луѓето ми честитаат.

Жал ми е што ќе наполнат 18 години, ќе се омажат, ќе сакаат да се тука мама и тато, ама со него немам и за жал, никогаш немало комуникација“.