Парно нема, иако грејната сезона е почната – Скопјани се жалат дека мора да пуштаат клими и греалки

СКОПЈЕ

Од вчера, 15. октомври, официјално стартуваше грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ.

Преку системот се греат околу 66 000 активни потрошувачи, од кои 65 000 домаќинства и над 1 000 деловни потрошувачи, во кои се вклучени болници, здравствени домови, средни и основни училишта и детски градинки, соопштија од ЕСМ Снабдување со топлина.

Иако, најавите се дека испораката на топлинска енергија ќе се одвива секојдневно согласно строго утврдените правила и дијаграми што зависат од атмосферските услови и надворешните температури, вчера и денеска голем број скопјани с епожалија на ладни радијатори.

Како што споделуваат на социјалните мрежи, утрата и вечерите се постудени, па мора да вклучуваат клима уреди или греалки за во домовите. Се жалат, дека на крајото од месецот ќе мора да платат и парно и струја.

– Драги грејачи и Регулатори, Правилникот за “12 целзиусови” е аут. Навечер и сабајле е постудено од колку пред 40 год. од кога и ви постои. Климатските промени се тука, и се кинеме од трошење струја, а замисли плаќаме парно… еве сеа нема, почната е сезоната, и оп пуштам клима, алармира еден скопјанец.

Еве дел од реакциите на платформата „X“: