Проданоски ја најави изградбата на адреналински парк за младите во Прилеп
Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави изградба на нов адреналински парк во Старо Лагово, кој ќе претставува современ простор за спорт, забава и рекреација.
„Во Старо Лагово ќе изградиме нов адреналински парк, место каде што сите љубители на спортот и брзината ќе можат да ја почувствуваат вистинската енергија,“ истакна Проданоски.
Планираниот парк ќе содржи крос-патека, картинг-патека и скејт-парк, со што, како што посочува Проданоски, Старо Лагово ќе стане нова дестинација за спортски активности и активен живот.
„Со овој проект, Старо Лагово ќе добие нова динамика и ќе стане магнет за младите, спортистите и сите кои сакаат да се движат, да се забавуваат и да живеат здраво,“ додаде тој.
Проектот е дел од визијата на Проданоски за развој на Прилеп како град со повеќе можности за рекреација, спорт и современа урбана понуда.

