ФФМ: Ви благодариме за неверојатната енергија на арената „Тодор Проевски“

Македонија

По возбудливиот натпревар меѓу Македонија и Казахстан во квалификациите за Светското првенство, кој заврши 1:1 пред преполните трибини на Арената „Тодор Проевски“, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им се заблагодари на навивачите за нивната поддршка и енергија.

 

На официјалните профили на социјалните мрежи, од ФФМ објавија кратка, но емотивна порака:

 

„𝑻𝒉𝒊𝒔 𝒇𝒆𝒆𝒍𝒊𝒏𝒈

Благодарност до сите навивачи за неверојатната енергија и поддршка!“

Македонската репрезентација повторно покажа борбен дух, а атмосферата на арената уште еднаш потврди дека фудбалот обединува цела нација.