Почина поранешен припадник на македонските „Лавови“

Македонија

Почина Борче Мицевски – Боце, поранешен пришадник на „Лавовите“, објавено е на Фејсбук страната „Македонски Лавови“.

– Ги известуваме сите наши припадници и симпатизери дека денеска почина наш бивши колега, припадник на Битолската чета на „Лавовите“.
ВЕЧНА ТИ СЛАВА !, стои во објавата.

Единица за брза интервенција „Лавови“ беше поранешна полициска единица во составот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија која беше составена од доброволци. За нејзин командант беше назначен Горан Георгиевски, убиен во престрелка во Куманово, 2005 година.