
Боки 13 се огласи по веста за новата пресуда: „Не морам повторно во затвор“ – ова се деталите
Македонскиот водител Бојан Јовановски – Боки 13 објасни дека пресудата од пет години е дел од редовен процес и дека не се враќа во затвор. По објавувањето дека Боки 13 е осуден на пет години затвор по случајот за измама и перење пари, тој се огласи за медиумите. Водителот објасни дека станува збор за стар случај од 2022 година, кој беше поништен и вратен на повторно судење.
„Добро сум. Тоа е за оној стар случај, какви осудени? Случајот беше поништен, па сега го намалија. Прво бев осуден на девет години, па намалија на пет. Сега е на апелација и тоа не е ништо ново,“ изјави Боки 13.
На прашањето дали мора повторно да оди во затвор, тој кратко одговори:
Не морам пак, не, не, не. Тоа е старо и така се продолжува процесот.“
Со ова кратко, но јасно објаснување, Боки 13 ги смири јавните шпекулации и потенцира дека неговата состојба останува непроменета.