Ѓорѓиевски најави подобра комуникација со бизнис-секторот во Визбегово

Македонија, Политика

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари конструктивна средба со претставници од бизнис-секторот во индустриската зона Визбегово, заедно со вицепремиерот Изет Меџити и градоначалникот Дарко Костовски.

На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат стопанствениците, како и за тоа како градот и општините можат да ја поддржат нивната работа. Претставниците на бизнис-секторот посочија дека досега наидувале на затворени врати и недостиг на комуникација, проблем што, според Ѓорѓиевски, ќе се реши со неговото доаѓање на чело на градот.

Еден од најголемите предизвици што беше истакнат е пристапот до индустриската зона Визбегово, за кој е потребна итна интервенција. Ѓорѓиевски најави дека завршувањето на клучката кај Момин Поток ќе биде еден од неговите приоритети.

 

 

„Визбегово е зона со огромен потенцијал, простор за развој на мали, средни и големи бизниси. Компаниите заслужуваат еднаков пристап, фер третман и вистинско партнерство со институциите“, истакна Ѓорѓиевски.

Средбата, според него, е само почеток на отворен и искрен дијалог меѓу градот и стопанството, кој ќе донесе резултати, развој и нови перспективи за Скопје.