Проданоски најави обновување на спортските игралишта во Точила

Македонија, Политика

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, денес најави целосна реконструкција на двете спортски игралишта и детските реквизити во населбата Точила.

„Во Точила започнуваме со конкретни дела, а не со празни ветувања. Ќе создадеме подобри услови за младите, за спортот и за секојдневниот живот на граѓаните“, истакна Проданоски.

Реконструкцијата ќе започне во наредните денови и е дел од пошироката програма за подобрување на инфраструктурата и животниот стандард во Прилеп.

 

„Работиме посветено, одговорно и со план, затоа што Прилеп заслужува повеќе. Вистинскиот избор е работа. Вистинскиот избор е број 9“, порача Проданоски.

Видеото може да го погледнете тука