Современа клучка кај Хиподром – приоритетен проект на Ѓорѓиевски за Скопје

Македонија, Политика

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави изградба на нова сообраќајна клучка кај Хиподром, со која ќе се подобри протокот на возила и ќе се намалат метежите на источниот влез во главниот град.

„Ова е проект што директно ќе влијае на секојдневниот живот на скопјани. Новата клучка ќе овозможи побрз и побезбеден сообраќај, а со тоа и поквалитетен градски транспорт и подобро поврзување со околните општини“, изјави Ѓорѓиевски.

Според него, решението е дел од пошироката визија за модерна и функционална сообраќајна мрежа во Скопје, со акцент на одржливи и долгорочни инфраструктурни решенија.

 

Проектот, како што најави, ќе биде реализиран во фази и ќе вклучува современи решенија за пешаци, велосипедисти и јавен превоз, со цел да се намали загадувањето и времето на патување.

Видеото може да го погледнете тука