Ристовски најави современ спортски комплекс во Куманово – нов инфраструктурен проект на Министерството за спорт

Македонија, Политика

Куманово како спортски град заслужува совреме спортски комплекс кој ќе им биде на располагање на спортистите, рекреативците и на сите кумановци, истакна министерот за спорт Борко Ристовски.

Ристовски заедно со градоначаникот на Куманово и кандидат за нов мандат, Максим Димитриевски, најави комплетна санација на постојното фудбалско игралиште, изградба на ново одбојкарско игралиште и фитнес зона.

Овој проект од кој најголем бенефит ќе имаат граѓаните на Куманово, ќе биде реализиран од Министерството за спорт во соработка со локалната самоуправа.

 

-Се обврзувам да направиме комплетна санација на ова спортско игралиште, да изградиме уште едно одбојкарско игралиште и фитнес зона од која најголем бенефит ќе имаат кумановци и сите оние кои сакаат да се рекреираат. Ќе заокружиме еден убав спортски комплекс во кој сите спортисти и рекреативци ќе имаат можност да спортуваат и да уживаат – рече Ристовски.

Министерот за спорт најави дека санацијата и уредувањето на спортскиот комплекс во Куманово ќе почне од следната недела. Ова е уште еден од проектите на Министерството за спорт за изградба и санација на спортската инфраструктура низ целата држава.

Видеото може да го погледнете тука